Македонските одбојкари остварија максимален ефект и на најдобар можен начин се пласираа на Ф4 во Европската лига

 

Македонските одбојкари го осигураа пласманот на Ф4 турнирот во Европската лига, но наместо опуштање, нашите репрезентативци уште еднаш покажаа и докажаа дека се големи професионалци и со максимален учинок од шест победи во шест натпевари се загреаја за турнирот во Данска.

Нашата селекција со 3:2 ја победи Албанија нa мечот во Тирана и покажа горделивост на мечот кој немаше никакво резултатско значење, и на тој начин само ги овистини најавите во кои репрезентативците велеа дека ќе го дадат максимумот на секој меч.

Македонските „спартанци“ го добија првиот сет со 25:21 и навестија дека нема да ги направат работите лесни за Албанците, а иако следеш израмнување од нивна страна, нашиот состав повторно дојде до водство во третиот сет кој заврши со 25:21. Албанија повторно израмни на 2:2 добивајќи го вториот парен сет со 25:22, а во таканаречениот тајбрејк нашите повторно ја покажаа умешноста и со конечни 15:10 ставија точка на мечот.

извор: https://derbi.mk/makedonskite-spratanci-ostvarija-maksimalen-efekt-na-najdobar-mozhen-nachin-se-chekiraa-za-danska/

Leave a comment

Please note, comments must be approved before they are published