(ВИДЕО) Официјално изиграно најдолгото Македонско оро во Мелбурн 2019

Уште еден успешно реализиран проект на Македонскиот Фестивал за храна во Мелбурн.

Денес во Футскрај по 8-ми пат се одржа Македонскиот Фествал за Храна во организација на Македонско-Австралиска Организација на Заедницата.

Пред самиот Фестивал беше најавено дека ќе се изведе најдолгото Македонско оро и ова успешно се случи денес на оваа манифестација во Австралија.

Благодарение на заложбата на организаторот на оваа Манифестација, г-ѓа Лидија Нешковски, претседателката на Македонско-Австралиска Организација на Заедницата успешно со помош на присутните играорци и сите присутни Македонци кои сложно се фатија на оро и заиграа се реализираше уште еден успешен проект односно се одигра најдолгото Македонско оро во Австралија.

Играорците кои допатуваа од сите страни од Мелбурн и од Сиднеј сплотени, фатени за рака еден до еден започнаа да го играат најдолгото Македонско оро, а кон нив весели и расположени се придружија голем дел од посетителите.

Интересен е фактот што забележавме и поединци од други националности кои што со задоволство беа дел од оваа идеа на Лидија Нешковски.

Еден дел на орото го водеше естрадната уметничка, Маријана Новачевска која го вееше Македонското знаме од Кутлеш.

Уште еднаш, Македонците докажаа доколку имаат идеа да се обединат, тоа успеваат да го реализираат.

Денес, го реализираа тоа преку најдолгото Македонско оро изиграно во Австралија.

Доколку беше присутен човек од Гинис, ова оро ќе влезеше во Гинесовата Книга на рекорди, но тоа останува на организаторите да го спроведат наредната година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.