Учебникарската дејност во Македонија

Учебникарската дејност во Македоија започнала да се развива кон средината на 19 век.
Во Македонија кон средината на 19 век почнало да се поставува прашањето за формирање единствен јазик, литературен јазик, кој ќе се употребува во училиштата, како и за пишување текстови, учебници и друга литература.
Во ова време Галичник бил голем економски центар, па токму од таму потекнуваат двајцата застапувачи за создавање литературен јазик.

Тие имале две различни гледишта:

– да се формира заеднички, бугарско – македонски јазик, кој ќе содржи подеднакво црти од двата јазика, застапувано од Партение Зографски, и

– да се формира посебен македонски литературен јазик, одделен од бугарскиот, гледиште кое е застапувано од Ѓорѓија Пулевски.

Ѓорѓија Пулевски, самоукиот галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф, граматичар, историчар и културно-национален идеолог е најизразитиот и најголемиот македонист во ова време.

Негова прва книга е „Речник од четири јазика“ (1873), потоа следува „Речникот од три јазика“(1875).
Извадок од „Тријазичникот“:
Што се велит народ? – Народ се велит људи који се од еден род и који зборувајет еднаков збор и који живувајет и се другарат еден со други и који имејет једнакви обичаји и песни и весеља. Тие људите ји викајет народ, а место во које живуват народ се велит отчество од тој народ. Така и Македонците се народ и местово нивно је Македонија – каде јасно ја изразува идејата за посебноста на македонскиот народ.

Стихозбирката „Македонска песнарка“(1879), која содржи три лични и повеќе народни песни.

Следува првата граматика на македонскиот народ „Слогница речовска“ (1880) и обемната и значајна историја „Славјано-македонска општа историја“(1892) завршена непосредно пред неговата смрт.
Освен овие, напишал и прирачник за учење на македонскиот јазик „Јазичница“.
Од овој период (втората половина на 19.век) Ѓорѓија Пулевски е единствениот и најсилниот поборник за посебноста на македонскиот народ.
Во ова време, Јордан Хаџи Константинов – Џинот учителствувал во Велес и Скопје, пишувал песни и драмски текстови за потребите на училиштето и сето тоа го правел на народен јазик. Ја напишал „Таблица перваја“, првиот буквар (кој всушност бил нешто налик на ѕиден весник).
И Шапкарев пишувал учебници, но на бугарски јазик. Освен, осмата книга „Мајчин јазик- буквар“, напишан на охридски говор.

 

Leave a comment

Please note, comments must be approved before they are published