Македонска традиционална храна

Нашата кујна е само уште еден белег на нашата богата традиција. Нејзината разновидност е уште еден доказ на нашето богатство. Долговековна мудрост. Бидејќи голем број од јадењата кои што биле бележје на Македонија во минатото се консумираат и денес.  Усовршени, но се уште прекрасни.

А сето ова најдобро можеме да го видиме преку македонската кујна. Таа е неразделив дел од нашата традиција. Македонската храна е една од највкусните во светот. Тајната на нејзиниот незаменлив вкус лежи во тоа што се подготвува со векови на истиот начин: со многу љубов. Некои рецепти се обновени  и прилагодени на денешното време, но и тие се исто толку вкусни и прекрасни.

Македонската кујна е позната по нејзината разновидност. Сето тоа се должи на одличните услови за растење на  различни зеленчуци, овошки и билки коишто нашата татковина ги поседува.

Така, најомилениот зеленчук во Македонија е црвената пиперка. Скоро и не постои семејство во коешто таа не е одгледувана бидејќи е дел од многу наши традиционални јадења. Од неа се прават и ајварот и лутеницата, едни од најомилените наши деликатеси за кои што со сигурност можеме да кажеме дека се еден од најдобрите специјалитети во цела Европа воопшто. Kон крајот на летото, ќе можете да забележете на многу од македонските балкони: венци од црвени пиперки. Тие се нижат на конец и се оставаат да се исушат на сонце. Ваквите исушени црвени пиперки се состојка на скоро секој македонски ручек во зима. Тие се исто така и една од неопходните состојки за нашиот познат деликатес тавче гравче. Секој кој што го е пробал го има запаметено засекогаш и топло препорачано. Тоа е сон на секој гурман. Неговиот магичен спој на состојките, кој што е единствен ни го доловува минатото коешто секогаш е носталгично обоено.

Овде се секако и разнобојните пинџури на чиишто мирис и вкус не би можеле да им одолеете никогаш! А пак старите добри баници и пити… Tие не навраќаат на едно друго време, друго место и се најдобар пример за спојот на современото и  традиционалното. Да не ги заборавиме и различните чорби од зеленчук, бакарданикот, тараната, пастрамаилијата, туршиите и секако рибите. Сите овие јадења ги краселе нашите трпези и биле најразновидни за време на славите. Иако народот во тој период немал многу, сепак за време на славите и празниците го давал и служел сето она што го има, од се срце.

Уште едно интересно нешто коешто ќе го забележете за време на ручекот во едно македонско семејство, покрај колоритната, вкусна и миризлива трпеза, е погледот на домаќинката. Тој сјај во нејзините очи, таа среќа и задоволство. Чувство на исполнетост и гордост. Радост предизвикана од задоволството коешто македонската трпеза им го овозможува на нејзините најмили.

И токму поради тоа што македонската трпеза може да предизвика неизмерна радост на вистинскиот гурман, и имаме огромна желба тоа да го споделиме со остатокот од светот и да им го доловиме и овозможиме и ним тоа задоволство, во многу од нашите градови почнаа да се одржуваат различни фестивали на коишто се служи традиционалната храна на тој град, неговиот специфичен деликатес. Овие забави се одржуваат во многу македонски градови и села, и траат и по неколку дена. Притоа се проследени и со разновидни вина, и најдобра музика. Така во Штип имаме пастрамајлијада, во Велес питијада, сомунијада и татлијада во Радовиш и други. Тие едноставно нудат незаборавна забава.

Leave a comment

Please note, comments must be approved before they are published