Македонско вино

Историја на македонското вино

Македонија има богата винска историја. За времето на Филип Втори и Александар Велики, членовитте на македонската кралска династија се познати како големи љубители на виното. Оваа традиција продолжува и за времето на Римската империја кога Македонија е еден од најзначајните вински региони во империјата. Исто така, големото значење на виното се задржува и за време на навлегување на Христијанството, кога скоро во сите православни христијански церемонии во изведувани во црквите виното е дел од традицијата. Ваков пример е свадбената церемонија кадешто вино заедно со леб и сол им се дава на невестата и младоженецот.
Сите овие церемонии се присутни и денес и на овој начин се продолжува и традицијата на значењето на виното. Историските фактии зборуваат и дека виното играло важна улога за време на владеењето на Цар Самоил, средниот век и крајот од турското владеење во Македонија. Многубројните археолошки пронајдоци докажаа дека афинитетот кон одгледување на винско грозје и производство на вино е еден од најважните во македонската историја.
Денес Македонија има 24 000 ха лозови насади од коишто се произведуваат значајни количини вино.
Интензивните ароми на македонските вина се резултат на комбинираното влијание на двете и медитеранска и континентална клима, со топли летни денови и посвежи ноќи. Продолжениот процес на созревање на грозјето ги осигурува боготите бои и комплексни ароми на виното. Македонија има лозови насади со познатите модерни француски сорти на винско грозје, но и лозови насади со автохтони сорти на грозје, какви што се Вранец од црвените, Жилавка и Темјаника од белите и од розе Станушината. Винарството во Македонија има богат и разнообразен потенцијал како што може да биде и секоја друга земја, но овој потенцијал само што е започнат да се искористува, иако земјата има долга и значајна историја на производство на вино.

Вински региони

Според климатските карактеристики и класификација на ЕУ, Република Македонија се смета како III-C-b зона за одгледување винова лоза и ги усвои енолошките правила кои се однеусваат на оваа зона. Основна карактеристика на оваа зона е дека вината може да имаат ацидификација, но не да се збогатуваат, што кореспондира со законодавство и сегашна пракса на производство на вино во земјата.

Во Македонија постои еден лозарски  реон, кој географски може да се подели во три региони:
1) Вардарска долина, односно во Централниот регион (поранешен Повардарски лозарски реон) – опфаќа околу 83% од вкупното производство,
2) Западен регион (поранешен Пелагониско-Полошкиот лозарски реон) – опфаќа 13% од производството и
3) Источниот регион (поранешен Пчињско-Осоговски лозарски реон), – опфаќа околу 4% од вкупното производство.

Трите региони се поделени во 16 под-региони (виногорја) кои се карактеризираат со различни производствени услови и различен интензитет на производство. Најголемото производство на винско грозје и вино се одвива во Тиквешкиот регион. Тиквешијата ги опфаќа сите области погодни за култивација на винско грозје во општините Кавадарци, Неготино и Демир капија, како и делови од општините Прилеп и Велес. Климатските услови во регионот овозможуваат успешно одгледуванје на различни сорти винско грозје со сите фази на зреење на грозјето. Главни сорти што се одгледуваат во регионот се црвените Вранец, Мерлот, Каберне Совињон, Пинот Ноар, Кадарка, белите Шардоне, Белан, Мускат, Ризлинг, Совињон Бланк, Семилон, Смедеревка, Ркацетели, Мускат Отонел, Темјаника, Жилавка и розе Станушина.

Винарски визби во Македонија 

Производството на вино во Македонија се одвива во 80 официјално регистрирани винарски визби со вкупен капацитет од 2.222.647 хл. Винарските визби обработуваат околу 65% од вкупно произведеното винско грозје, додека околу 35% обработуваат директно лозарите за сопствена потрошувачка како вино и ракија. Сите винарски визби во Македонија денес се приватизирани. Новите сопственици инвестираат во осовременување на опремата, реконструкција на винарниците и развој на човечките ресурси, зашто македонската винска индустрија преминува од производство на наливно на производство на вино во шишиња. Овие инвестиции истовремено го подобруваат квалитетот на виното. Забележителен е и преминот на модерни етикети и пакување, придружени со добро осмислени промотивни кампањи. Со глобалната промена во вкусовите на потрошувачите, Македонија се обидува да држи чекор со најбараните вкусови на вино и соодветно на нив да ги приспособува и своите сорти грозје. Најзначаен пазар за пласман на македонското вино е секако Европската Унија. Најголеми пазари се Германија, Србија и Хрватска. Извозната стратегија продолжува да ги таргетира соседните и пазарите од ЕУ со специјален нагласок на Велика Британија

Стара земја на виното

Македонската винска приказна има свои корени уште од 13-от век пр.н.е. Старите Македонци правеле вино од грозје кое го одгледувале и го мешале со мед бидејќи шеќерите помагале во негово сочувување. Виното го чувале во амфори во кои налевале маслиново масло на врвот за да се сопре дишењето. Потоа ги закопувале амфорите во земја и на тој начин тоа останувало ладно и зреело соодветно.

Римјаните за време на Римската империја биле одговорни за ширење на виновата лоза низ Европа. Тие верувале дека виното е извор на богатство среќа. За време на овој период, Македонија била еден од најпознатите региони за одгледување грозје во Империјата.

Во Византискиот период (до VII век) одгледувањето на виновата лоза продолжило.

Со ширење на Христијанството, присуството на виното исто така се зголемувало. Виното било дел од многу Ортодоксни црквени церемонии (обреди), бидејќи се верувало дека ја преставува крвта Исусова.

За време на Турската империја (од XIV до XX век) лозарството и вино-производството во Македонија згаснале бидејќи виното било забрането во согласност со Исламските закони. Благодарение на христијанските цркви, продолжило правењето на вино.

На почетокот на 20-тиот век во Македонија виновата лоза била застапена на 30 000 хектари кои до 1914тата година биле целосно уништени од филоксерата (Phylloxera vastatrix), мал инсект кој ги напаѓа коренот и листот на винската лоза.

Во 1928-та кралот Александар Караѓорѓевиќ се одлучил да засади лозје и да изгради винарија во Демир Капија (Железна порта тур.). Винаријата го добила името Вила Марија по неговата сопруга Марија. Имотот бил купен со парите кои таа ги добила како мираз од своите родители. Во тоа време имало и други благородни фамилии кои произведувале грозје и вино.

По Втората светска војна, со почнувањето на социјализмот, бурињата и опремата за производство на вино кои биле во сопственост на различни фамилии, мали производители на вино, биле национализирани. Во Република Македонија биле основани 13 винарии кои воглавно произведувале наливно вино. Од друга страна, постоеле повеќе од 30 000 фамилии кои поседувале мали лозја. Своето грозје го продавале на 13-те големи винарии.

Обновата на лозарството и порастот на површините под винова лоза го достигнува својот максимум во 1981та година кога се регистрирани 38 759 хектари.

Leave a comment

Please note, comments must be approved before they are published